Македонија
12. October 2017 - 8:51

Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

Со проекција на комедијата „Чик“ во режија на Фатих Акан, вечер во Прилеп почнува Фестивалот на новиот германски филм.

На отворањето во киното „Мис Стон“ ќе присуствуваат претставници од Германската амбасада.

Фестивалот ќе трае до 14 октомври, а традиционално го реализира Центарот за култура „Марко Цепенков“ во соработка со Германската амбасада.

На програмата се и „Тони Ердман“ на Марен Аде, како и „Херберт“ на Томас Штубер.