Фестивал на диви смокви во Стар Дојран

На Градската плажа „Под јаворите“ во Стар Дојран денеска ќе се одржи Фестивал на дивите смокви.
Манифестацијата ја организира Слоу Фуд Дојран во соработка со Слоу Фуд Тера Гевгелија, Слоу Фуд Росалес Богданци и Слоу Фуд Валандово, како дел од Президиумот на слаткото од диви смокви во југоисточна Македонија.
Настанот се најавува како гастрономско патување кое на посетителите ќе им овозможи да ги откријат медитеранските вкусови на Дојран и да уживаат во нив.
Производителите, членови на Слоу Фуд президиумот; ќе ја презентираат подготовката на слатко од диви смокви, по што ќе следува и негова дегустација, ќе се разменуваат рецепти и искуства, а поставени ќе бидат и изложбено-продажни штандови на производи од мали производители од југоисточна Македонија.
Предвидена е и едукација, како и дегустација на автентични локални производи и специјалитети.
Како што информираат организаторите, дел од Фестивалот е планиран и за културно-уметничка програма.
Поддржувачи на манифестацијата се Слоу Фуд Фондацијата за биодиверзитет и Општина Дојран.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
