Живот
15. September 2016 - 12:07

Феномен кај шестгодишно девојче: Кога ќе се накашла, срцето буквално и излегува од градите

Таа има само шест години и е родена со срцето и цревата надвор од градите.

Малечјата Вирсавинија Борун-Гончарова родена е со редок абнормален синдром (Pentalogy of Cantrell) и се бори за здрав живот.

Нејзиното срце може да се види, зошто е прекриено со тенок слој на кожа и месо. Колку и да и е серозна ситуацијата, Вирсавинија не дозволува болеста да ја обесхрабри, па се труди да го живее животот потполно. Сака да црта и игра, а посебна љубов има кон делфините.

Таа по потекло е од Русија, но заедно со мајката Дарија се преселила во Америка, со надеж дека таму ќе најде вистински лекарски тим кој ќе ја излекува.

Вирсавинија мора да чека на операција во наредните 2 години, поради хипертензијата која исто така ја има од раѓање, поради што нејзиното младо тело се уште не е подготвено да издржи операција.