Интернет
28. August 2015 - 9:00

Фејсбук првпат регистрира една милијарда посетители за еден ден

Бројот на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук во понеделникот достигна првпат една милијарда посетители за еден ден, изјави директорот на компанијата Марк Цукерберг.

- Надминат беше мошне важен праг. Тоа е само почеток во комуникациското обединување на светот, нагласи тој на својот Фејсбук профил. 

Во понеделникот секој седми жител на планетата користел Фејсбук.