Loading Video...
Тенис
4. July 2018 - 19:05

Федерер во 3.коло на Вимблдон, елиминирана Возниацки

Бранителот на трофејот на Вимблдон, Роже Федерер се пласира во 3. Коло откако во три сета го совлада Лукаш Лацко.

Федерер за само 90 минути игра  дојде до новата победа и тоа со 6-4,6-4 и 6-1. Во првите два сета најдобриот светски играч не форсираше и со по еден брејк ги реши во своја корист.     

Во 3. Рунда Швајцарецот ќе игра со победникот од мечот Иво Карловиќ- Јан-Ленард Штруф.

Пласман во 3 рунда обезбедија и Милош Раониќ, Медведев и Квери.

Кај дамите на теренот се појавија сестрите Вилијамс и остварија победи против Дулгеру и Томова.  Во најинтересниот меч  Екатерина Макарова во три сета ја елиминира втората светска тенисерка  Каролина Возниацки