Тенис
24. August 2015 - 7:38

Федерер ја продолжи доминацијата во Синсинати

Швајцарецот Рожер Федерер победи на Мастерсот во Синсинати и со тоа ја продолжи доминацијата на овој турнир бидејќи во седум финални меча има исто толку победи. Тој синоќа беше поуспешен од Новак Ѓоковиќ со 2:0 (7:6 (7:1) и 6:3). Федерер беше доминантен во текот на целиот финален меч и за време на турнирот и ниту еден од ривалите не успеа да направи брејк на негов сервис.

Ѓоковиќ во своето петто финале повторно загуби во Синсинати и ова останува единствениот турнир од Мастерс серија што го нема освоено.
Во меѓусебните мечеви сега скорот е 21-20 во корист на Федерер.
Федрере сега повторно се врати на втората позиција на АТП листата.