Loading Video...
Тенис
9. July 2018 - 19:14

Федерер избори четвртфинале на Вимблдон

Роже Федерер се пласира во четвртфиналето на Вимблдон откако во три сета со 6:0, 7:5, 6:4 го совлада Французинот Манарино.

Осумкратниот победник во Лондон успеа да победи на искуство и во следната фаза ќе игра со победникот од дуелот Монфис-Андерсон.

            Пласман во следната фаза со убедливи победи остварија и Милош Раониќ, Кеј Нишикори и Џон Изнер.

            Кај дамите од фаворитите загубија  Русинката Макарова и Плискина од Чешката република и тоа од  Џорџи и Бертенс во два сета.

            Во четвртфиналето патуваат уште и Цибулкова, Остапенко, Кербер, Касаткина и Серена Вилијамс.