Тенис
25. August 2016 - 12:40

Федерер: Фаворит бр. 1 на УС Опен е Ѓоковиќ

Роџер Федерер е импресиониран од она што летово на тениските терени го покажува Енди Мари, но смета дека Новак Ѓоковиќ е прв фаворит за титулата на претстојниот УС Опен, последен од Грен слем турнирите за оваа година.
 
Федерер, кој пред почетокот на олимпијадата во Рио де Жанеиро, објави дека повеќе нема да настапува оваа година, вели дека условите и подлогата во Њујорк му одговараат на Ѓоковиќ.
 
„Сеуште стојам на моето мислење дека Ѓоковиќ е најголемиот фаворит за титулата на УС Опен, иако по Париз доживеа неколку тешки порази. Сепак успеа да победи во Торонто. Има одличен скор против Енди (Мари) и феноменално игра на тврда подлога. Тоа можете да го забележите кога владеат вакви услови, слични се како на Аустралијан Опен“, рекол Федерер, дополнувајќи дека српскиот тенисер оваа година може да може да има и дополнителна помош бидејќи на централниот терен е поставен подвижен покрив. 
 
„Мислам дека и новиот покрив ќе му помогне, условите тогаш би биле слични условите како во Австралија. Енди, од друга страна, одлично игра кога е ветровито, но и Новак одлично се снаоѓа во тие услови. Мислам дека УС Опен ќе биде исклучително возбудлив и дека не очекува сјајна трка помеѓу овие двајца до крајот на сезоната“, рекол Швајцарецот.
 
Инаку Ѓоковиќ по освојувањето на Ролан Гарос и комплетирањето на грен слемот, загуби во третото коло на Вимблдон, го освои Мастерсот во Торонто и испадна во првото коло на ОИ во Рио де Жанеиро.