Тенис
12. April 2016 - 14:10

Фед куп: Победа на Македонија на стартот над Ерменија

Женската тениска репрезентација на Македонија со победа ги почна дуелите од Б групата од Третата Евро-африканска зона. Денеска во дуелот од 1.коло совладана беше селекцијата на Ерменија со 2:1.

До победата македонските тенисерки стигнаа откако го добија дубл мечот со 6:2 и 6:2 во гемови.
Најпрвин дуелот со Ерменија почна со водство откако Катарина Маринковиќ ја победи Луси Чобанијан со 6:3 и 6:0 во сетови. 
Во вториот меч Магдалена Стоилковска загуби од Ани Амирагјан со 6:0 и 6:2 во сетови.
На крајот следеше и дубл мечот во кои Стоилковска и Маринковиќ беа поуспешни од Амирагјан и Ани Сафарјан.
 
Утре Македонија ќе игра против носителот во групата Република Ирска, која во 1.коло денеска ја победи селекцијата на Исланд со 2:0.
Македонија на овој натпревар од Фед купот игра без најдобрата тенисерка Лина Ѓорческа, која настапува на фјучрсот во Истанбул, кој се игра за награден фонд од 50.000 долари.