Тенис
9. јуни 2017 - 13:52

ФЕД куп Македонија во Кишињев

Женската тениска репрезентација на Македонија од вторник до сабота ќе биде дел од ФЕД куп натпреварите од Третата Евро-африканска зона што ќе се играат во Кишињев во Молдавија. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 12.јуни во понеделник. 
На натпреварувањето ќе бидат присутни 16 репрезентации, а учеството го откажаа: Црна Гора, Ангола, Боцвана, Мадагадскар и Намибија. 
Македонија ќе настапи во состав: Катарина Маринковиќ, Нора Христовска и Викторија Веселинова. Во отсуство пред се на Лина Ѓорческа и на Магдалена Стоилковска, кои имаат ВТА ранг Македонија ќе настапи со млади тенсиерки предводени од селекторот Дејан Маринковиќ. 
Носители на групите ќе бидат: Грција, Република Ирска, Финска и Молдавија. Македонија е во првата група заедно со селекциите на Кипар, Ерменија и Мароко што значи дека против овие селекции нема да може да играат нашите тенисерки во групната фаза.