Тенис
17. јуни 2017 - 15:31

ФЕД куп: Македонија подобра од Ерменија (2-1)

Тениската женска репрезентација на Македонија со победата над Ерменија со 2-1 го обебзеди 9.место на ФЕД купот Трета Евроафриканска зона. Македонија натпреварувањето го заврши со две победи и 2 пораза.

Во првиот денешен меч Викторија Веселинова загуби со 2-1 во сетови од Ана Мовсисјан (5:7; 6:2 и 6:2). Во вториот меч Нора Христовска ја победи Давтјан со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4).
Во решавачкиот меч во игра на двојки македонската комбинација беше поуспешна со 2-1 во сетови (4:6: 6:4 и 6:4).
Македонија настапи без најдобрата тенисерка Лина Ѓорческа, а поради повреда во првиот меч не играше и Катарина Маринковиќ.