Тенис
15. November 2015 - 21:02

ФЕД куп - финале: Трофејот за Чешка

Женската тениска селекција на Чешка ја одбрани титулата во ФЕД купот откако во финалето што се играше во О2 Арена во Прага ја победи Русија со 3:2.

Денот не почна добро за шампионките откако по вчерашните 1-1 Марија Шарапова во три сета со пресврт ја победи Петра Квитова со 2:1 во сетови.
За продолжување на неизвесноста се погрижи Катарина Плишкова која во вториот сингл меч денеска ја победи Анастасија Павличенко.
Откако резултатот беше изеднчен на 2-2 решаваше мечот во двојки.
Плишкова и Стричова со 2-1 во сетови (4:6; 6:3 и 6:2) беа подобри од Павиченкова и Веснина.
Ова за Чешка е вкупно четврта титула во последните пет години, или вкупно деветта заедно со оние од претходно на Чехословачка.