Свет
13. April 2021 - 13:04

Фаучи: Вакцината „АстраЗенека“ има добра ефикасност

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи верува дека на Американците можеби нема да им биде потребна вакцината „АстраЗенека“ поради поседувањето вакцини од другите производители.

Вакцината „AстраЗенека“ против Ковид-19 има добра ефикасност, но мора да се решат проблемите со безбедноста, рече врвниот американски експерт за заразни болести.

-Мислам дека вакцината „АстраЗенека“, од гледна точка на ефикасноста, е добра вакцина и, доколку се отстранат безбедносните проблеми во Европската унија, ефикасноста на оваа вакцина е навистина добра, изјави Фаучи за Би-Би-Си радио.

Меѓутоа, додаде тој, „ не е јасно дали некогаш ќе користиме „AстраЗенека“ или не, но во овој момент се чини дека нема да ни треба. Ова не е негативно обвинение против „AстраЗенека“, туку едноставно тоа е можно со оглед на набавките што ги имаме од другите компании„ додаде Фаучи.

Во време кога САД ги ублажуваат ограничувањата за Ковид-19, Фаучи рече дека постои „навистина ризична ситуација“ кога повторно се отворија барови и ресторани на некои места каде што не беше спроведена мерката за носење маски.

Фаучи смета дека не е време за предвремено прогласување победа со пандемијата.