Loading Video...
Свет
25. August 2021 - 12:34

Фаучи очекува пандемијата во САД да се стави под контрола на почетокот на следната година

Медицинскиот советник на американскиот претседател, Џо Бајден, очекува пандемијата во САД да се стави под контрола на почетокот на следната година. Според него, решението лежи во вакцинацијата.

„Ако го придобиеме огромното мнозинство од оние 80 до 90 милиони луѓе кои не се вакцинирани, кои се колебаат да се вакцинираат или немале можност, се надевам дека ќе воспоставиме контрола следната пролет”, изјави Ентони Фаучи.

Вчера Бајден ги повика менаџерите на приватните компании и државните институции да побараат вработените да се вакцинираат откако Американската агенција за храна и лекови даде целосна авторизација на вакцината Фајзер.