Македонија
15. November 2022 - 11:48

Фатени двајца крадци, кои оперирале во Струга

Струшката полиција фати двајца крадци кои од деловни објекти одзеле предмети во вредност од околу 180.000 денари.

Од СВР Охрид денеска соопштија дека ОВР Струга поднело кривична пријава против З.М.(17) и Н.А.(22), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и една „кражба“.

– Тие, во периодот од 01 до 11 ноември годинава, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегувале во деловни објекти на подрачјето на Струга и противправно одзеле повеќе предмети. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 180.000 денари, стои во информацијата.