-->
-->
Фатен бегалец од затвор
-->
На 12.12.2024 околу 22.45 часот во близина на с.Чалакли, валандовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци.
При контрола на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, во кое бил сопатник, била извршена проверка во оперативната евиденција и било констатирано дека бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија