Фалон: Лондон е подготвен за заеднички напад со САД врз Сирија
Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон изјави денеска дека Велика Британија е „целосно подготвена“ за подршка на САД за нов воздушен напад врз Сирија, но дека Лондон досега нема добиено од Вашингтон нови разузнавачки сознанија за тоа дека Дамаск се подготвува за нов напад со хемиско оружје.
Изјавата на Фалон претставува реакција на американското соопштение дека властите во Дамаск се подготвуваат за нов напад врз „сопственото цивилно население“ со употреба на хемиско оружје.
Белата куќа во посебна изјава се закани дека „режимот на Асад“ ќе плати висока цена доколку се одлучи на еден ваков чекор.
Министерот Фалон за Би-Би-Си изјави дека Велика Британија ќе подржи една ваква операција на САД, како што тоа го направи минатиот пат, забележувајќи дека една таква акција мора да биде соодветна.
- Нашето вклучување мора да биде оправдано, легално и соодветно. Мора да биде неопходно, како што беше и во април, изјави Фалон.
Според Белата куќа, биле регистрирани „специфични активности“ и „поенцијални подготовки“ за нов хемиски напад, слични со оние од пред два месеци, кога во казнена операција Американците ја бомбардираа сириската воена база Кан Шејкун.
Владата на претседателот Башар ал Асад беше обвинета дека во напад во провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците, користела хемиско оружје од кое загинале десетици лица, меѓу кои и деца.
Официјален Дамаск, како и Русија која го подржува Асад, категорично ги отрфлаа таквите тврдења, осудувајќи го нападот врз базата на сириската авијација.
Британскиот министер Фалон најави дека за оваа работа ќе разговара со американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис, кога тие ќе се сретнат на министерската конференција на НАТО.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци