Свет
8. February 2021 - 18:21

Фајзер и Бионтек: Вакцината делува против мутациите на коронавирусот

Најновата студија објавена во списанието „Нејчр медисин“ покажа дека вакцината на Бионтек и Фајзер делува и против мутациите на коронавирусот, кои се појавија во Јужна Африка и Велика Британија, соопштија денеска двете компании.

– Студијата објавена во списанието „Нејчр Медисин“ покажува дека вакцината Бионтек /Фајзер ги неутрализира новите мутации на коронавирусот, се вели во соопштението.

Истражувањата на Фајзер кон крајот на јануари, кои ги спроведе институт во Тексас, покажаа дека вакцината делува против мутации, а сега списанието „Нејчр Медисинс“ објави истражувања на надворешни лаборатории, што ја потврдува ефективноста на вакцината против мутациите.

Според списанието, сега се потребни уште клинички испитувања за да се соберат дополнителни сознанија за ефективноста на вакцината на Фајзер и Бионтек против нови мутации на коронавирусот.