Свет
10. April 2021 - 8:23

„Фајзер“ и „Бионтех“ бараат од САД одобрување на нивната вакцина за деца од 12 до 15 години

Фармацевтската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтех соопштија дека побарале од Управата за храна и лекови на САД да ја прошират употребата на нивната вакцина против Ковид-19 на адолесценти на возраст од 12 до 15 години по итна постапка.

Вакцината во моментов е одобрена во САД за лица постари од 16 години, а компаниите објавија дека побарале продолжување на овластувањето од американската Администрација за храна и лекови за вклучување на помлада возрасна група.

Минатиот месец, компаниите објавија дека клиничкото испитување утврдило дека вакцината е безбедна, ефикасна и дава силни реакции на антитела кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Директорката на американските Центри за контрола на болести, Росел Валенски, за Еј-Би-Си Њуз во четвртокот изјави дека очекува вакцината да биде одобрена за деца на возраст од 12 до 15 до средината на мај.