Свет
16. April 2021 - 13:42

Фајзер Белгија тестира нов лек против Ковид-19

Белгискиот оддел на Фајзер соопшти денеска дека започнува со клиничко тестирање на нов антивирален третман против Ковид-19.

Во оваа фаза се тестира ефикасноста на лекот и се врши врз група возрасни лица во добра здравствена состојба во Брисел. Фирмата изјави дека е важно да се има и ефикасен лек против овој вирус, а не само вакцина.

Тестирања се прават и во САД.