Бизнис
6. May 2021 - 16:42

Фајнанс Тинк: Половичен ефект од државната поддршка за инвеститорите

Ефектот од државната помош за стопанството е половичен. Анализата на Фајнанс Тинк покажува дека од планот за економски раст 2018 2021 ефект има од помошта што ја доделуваше Фондот за иновации. Законот за финансиска поддршка на инвестиции не ги даде очекуваните резултати.

Вицепремиерот Битиќи вели дека е краток периодот за да се оцени ефектот од законот за финансиска поддршка. Бројот на фирми кои аплицираат за пари секоја година е се поголем и резултатите ќе се подобруваат. Лани интересот за помошта бил за 200% поголем споредено со претходните две години.

Сепак, вицепремиерот најавува дека законот за финансиска поддршка ќе се менува за да даде подобар ефект. Промените ќе треба да помогнат за компаниите да ги надминат последиците од корона кризата, ќе има повеќе пари за компаниите кои ќе инвестираат во руралните средини и повеќе пари за компаниите кои ќе ги зголемат платите.