Фудбал
13. April 2016 - 22:05

ФА куп: Манчестер Јунајтед во полуфиналето

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед успеаја да се пласираат во полуфиналето на ФА купот откако вечерва во повторениот дуел од 1/4 финалето како гости го победија Вест Хем со 2:1.Головите за Манчестер Јунајтед ги постигнаа: Рашфорд (54.минута) и Фелаини (67), додека стрелец за Вест Хем беше Томкинс (79).

Во полуфиналето на Вембли на 23.април Манчестер Јунајтед ќе игра против Евертон, додека следниот ден во полуфиналето ќе играат Кристал Палас и Вотфорд.