Фудбал
29. January 2016 - 18:16

ФА куп: Дерби домаќин на Манчестер Јунајтед

Со натпреварот што се игра вечерва меѓу Дерби и Манчестер Јунајтед ќе стартува 4.коло(1/16 финале) од ФА купот. Популарните „црвени ѓаволи“ играат променливо оваа сезона, а токму ФА купот како натпреварување занел да донесе изненадувања, па тимот на Дерби ја чека својата шанса. Почетокот на дуелот е во 20:55 часот.
Утре се играат 13 натпревари, а двојките се:
Колчестер – Тотенхем,
Арсенал – Барнли,
Астон Вила – Манчестер Сити,
Болтон – Лидс,
Бури – Хал,
Кристал Палас – Стоук,
Нотингем Форест – Вотфорд,
Оксфорд – Блекбурн,
Портсмут – Бурнемут,
Ридинг – Волсол,
Шревсбури – Шефилд В.,
ВБА – Петерборо,
Ливерпул – Вест Хем.
 
Во недела играат: Карлај – Евертон и Милтон Кејнс – Челзи.