Ф1
13. November 2015 - 9:51

Ф-1: Со Ред Бул и во следната сезона

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, потврдил дека австрискиот тим ќе остане во првенството на Формула 1 и во наредната сезона. Челниците на четирикратниот шампион меѓу конструкторите, изминатите недели се закануваа дека ќе го напуштат првенството доколку зљ 2016 година не најдат конкурентен мотор. Како што рекол Хорнер Ред Бул ќе продолжи да се натпреварува бидејќи „решението на проблемот е на повидок“.
 
Хорнер не сакаше да ги кометира шпекулациите дека во наредните денови Ред Бул ќе објави дека наредната сезона тимот ќе вози со моторите на Рено.
 
Инаку, Ред Бул, во текот на сезоната најави дека нема повеќе да соработува со француската компанија поради лошите резултати кои тимот ги постигнува оваа сезона. Според челните луѓе на Ред Бул, најголемата вина за лошите резултати ја имал Рено.
 
Австрискиот тим преговараше со Ферари и Мерцедес околу можната соработка во наредната сезона, но ниту една од двете компании не сакаше да го снабдува со мотори големиот конкурент на патеката.