Loading Video...
Ф1
13. April 2018 - 19:09

Ф-1: Хамилтон подготвен за прва победа

Светскиот шампион Луис Хамилтон, оствари најдобри времиња на првите тренинзи во Шангај во пресрет на трката за Големата награда на Кина од шампионатот во Формула-1.

Голем ривал Хамилтон имаше во вториот возач на Ферари Кими Раиконен кокј на првиот тренинг беше послаб  од Хамилтон за 0,359 секунди, а неговиот колега  од Мерцедес Валтери Ботас доцнеше за 0,448 секунди за третото место. 

Ривалството на овие тројца продолжи и на вториот тренинг на кој Хамилтон го подобри своето време но добри изданија имаа и Раиконен и Ботас. Финецот  доцнеше за 7 илјадинки, Ботас 33, а Фетел за  182 илјадинки.

Хамилтон во кариерата пет пати победил на трката за Големата награда на Кина каде имал и 5 пол позиции на вкупно 11 трки. 

Квалификациите за трката во Шангај ќе се одржат в сабота  со почеток во 8 часот, а трката се вози в недела во истиот термин.