Loading Video...
Ф1
25. March 2018 - 19:08

Ф-1: Фетел не се шегува стартуваше со победа во Мелбурн

Во Мелбурн стартуваше новиот шампионат во Формула -1. На стартот непријатно изненадување за бранителот на титулата Луис Хамилтон кој тактички беше надмудрен од  Себастијан Фетел кој се израдува на победата. 
 
Непријатно изненадување за светскиот првак Луис Хамилтон приреди возачот на Ферари, Себастијан Фетел,  на трката за Големата награда на Австралија, со која започна новата сезона во шампионатот на Формула 1. Фетел во Мелбурн ја забележа третата победа со одлична стратегија со која го надмудри актуелниот светски шампион Луис Хамилтон кој не ја искористи  пол-позицијата. 
Правовременото влегување во боксот за време на прекинот на трката му овозможи да се врати на патеката пред Хамилтон и да оствари предност која му ја донесе 48. Победа во кариерата. 
На пиедесталот до него и Хамилтон застана вториот возач на Ферари Кими Раиконен додека бодови освоија уште Ферстапен, Хулкенбург, Ботас, Вандорн и Саинц. Следната трка е на 8. Април во Бахреин.