-->
-->
Ф-1: Алонсо го фали „Мерцедес“
-->
Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, смета дека Мерцедес оваа сезона „е посилен од кога и да е“. Мерцедес во изминатите две сезони доминираше во Формула 1 шампионатот, Хамилтон освои две титули, Розберг двапати беше втор, а тимот освои две титули во конкуренција на конструкторите.
Возачите на Мерцедес, Хамилтон и Розберг, за време на тестирањата во Барселона, поминаа најмногу километри. Розберг извозел 172 кругови, однодно поминал 801 километар, а Хамилтон извозел 156 кругови (726 километри).
„Доминацијата на Мерцедес сé уште не е завршена. Тие се многу многу силни, нивните тестирања се многу интересни. Првите два дена од тестирањето минаа толку кругови, тоа значи дека направиле некои паметни работи. Кога ќе го додадете и потенцијалот, ќе видите дека Мерцедес е посилен од кога и да е, посилен отколку што беше во претходните две сезони“, рекол Алонсо, кој во Барселона со својот Мекларен извозел 119 кругови.
Најбрз на патеката во Барселона беше Себастијан Фетел со време 1:22.810 минути. Возачот на Ферари со својот болид извозе 126 кругови.
Новата сезона во Формула 1 ќе стартува во Мелбурн, со трката за Големата награда на Австралија, која ќе се вози на 20. март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност