Евростат ќе го оценува македонскиот статистички систем
Експерти на Евростат ќе спроведат партнерско оценување на националниот статистички систем на Македонија. Од денеска до 17-ти месецов ќе се оценува Државниот завод за статистика како координатор на националниот статистички систем и овластените носители вклучени во спроведување статистички истражувања во државава.
Во фокус на партнерското оценување ќе бидат длабинска анализа и оценка на усогласеноста на статистичкиот систем на Македонија со сите 15 принципи содржани во Кодексот за работа на европската статистика.
Целта е објективно да се оцени напредокот во усогласувањето со Кодексот, да се утврдат областите каде е потребно натамошно зајакнување, да се подобри капацитетот за високо квалитетна статистика. Се очекува да се подобри транспарентноста и кредибилитетот на статистичкиот систем и да се истакнат иновативните практики во европскиот статистички систем.
Евростат вторпат спроведува партнерско оценување на Државниот завод за статистика. Првото поедноставено оценување беше во 2010 година. Оценувањето го вршат експерти - оценувачи, активни или пензионирани статистичари со долгогодишно работно искуство во статистичка институција од ЕУ, и набљудувач од Евростат.
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот