Loading Video...
Ракомет
24. јуни 2019 - 19:46

Европскиот првак носител за следното издание на ЛШ

Ракометарите на Вардар  заедно со францускиот гигант Пари Сен Жермен се носители во извлекувањето на групите за следната лига на шампиони што значи дека црвено-црните во групната фаза нема да можат да играат против тимот на Раул Гонзалез.

            Извлекувањето на групите  е закажано за четврток во 18ч. во Виена и европскиот првак  Вардар очекувано ќе ја чека ждрепката од првиот шешир.

            Она што веќе е познато дека поради правилото во исто група да не настапуваат екипи од иста земја  Вардар за противник ќе го има поранешниот европски првак Монпелје.   Од тие причини познато е дека ќе имаме противник од Германија и Унгарија бидејќи овие две земји имаат по два претставници, Флензбург и Кил, односно ПИК Сегед и Веспрем. Евентуални противници кои доаѓаат од четвртиот шешир се Албогрг или Мешков Брест и Порто и Елверум кои се во 7. Шешир.

            Вториот наш претставник во Лигата на шампионите Еурофарм Работник е во четвртиот шешир и за сигурен противник ќе го има еден од носителите шведскиот Савехоф.