Македонија
23. October 2019 - 17:42

Европскиот парламент со вонредна резолуција ќе бара отворање на преговорите за Македонија

Европскиот парламент се обидува да ги санира штетите од француското НЕ за Македонија и Албанија. Европратениците ќе гласаат за резолуција со која се осудува негативната одлука од Брисел и се бара одлука за почеток на преговорите со двете земји. Оваа иницијатива која доаѓа од речиси сите парламентарни групации ја поздрави премиерот Заев.

Во резолуцијата се потенцира дека одложувањето на преговорите со Скопје и Тирана може да го дестабилизира не само двете земји туку и целиот регион. Со ова се согласува и шефицата на бугарската дипломатија.

Се очекува европратениците да ги повикаат лидерите на Унијата да се однесуваат соодветно ветеното и да го зачуваат својот кредибилитет. Во предложените амандмани се поздравува и одлучноста на Македонија да продолжи на реформската агенда и со позитивната дипломатија со соседите, особено со Бугарија и Грција.