Европскиот Парламент ќе дискутира за железничката несреќа кај Темпи на иницијатива на европската левица
Дискусија за железничката несреќа кај Темпи пред две години во која загинаа 57 лица, на 19 јуни ќе се одржи во Европскиот Парламент во Стразбур, а ќе присуствува и надлежниот комесар за транспорт, соопштија од еврогрупата на СИРИЗА, коментирајќи дека „тактиките на десницата не донесоа резултат“, јави дописничката на МИА од Атина.
Дискусијата ќе се одржи по барањето од политичката група ЛЕФТ (Европската левица) поднесено на 5 февруари, кое како што велат од СИРИЗА, го доставувале на секој состанок „и покрај континуираните напори на ЕПП/Нова Демократија до последен момент да го блокираат“.
– За ЛЕФТ и СИРИЗА, дискусијата на највисоко политичко ниво со Европската Комисија има за цел да ги истакне повеќекратните политички и системски незаконитости и нерегуларности што доведоа до несреќата и да побара одговори за безбедноста на грчките железници повеќе од две години по несреќата. Одговорите што ги бараат роднините на жртвите, но и грчкото општество, а се однесуваат на секој европски граѓанин кој ја користи грчката железница, соопшти Еврогрупата на СИРИЗА.
Објаснија дека на состанокот на претседатели на Европскиот Парламент била финализирана програмата за јунската пленарна сесија и во неа е вклучена дискусијата со одговорниот комесар за транспорт за двегодишнината од несреќата кај Темпи.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера