Балкан
29. July 2015 - 18:09

Европската комисија задоволна од текот на преговорите со Атина

Портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева го изрази задоволство на Комисијата за напредокот во преговорите за третата програма за финансиска помош за Грција.

За време на редовната прес-конференција во Брисел, таа рече дека разговорите напредуваат на „позитивен“ и „конструктивен“ начин, што ќе овозможи да завршат што е можно побрзо, јавуваат грчките медиуми.

- Шефот на мисијата на Европската комисија во Атина веќе e на лице место и води интензивни преговори со грчката страна, додаде Андреева.

Според неа, двата пакети за претходни активности и реформи донесени од страна на грчкиот Парламент, покажаа дека грчката Влада ги исполнува своите обврски, токму онака како што е договорено.