Свет
18. April 2018 - 9:07

Европската комисија предлага нови лични карти

Европската комисија предложи личните карти на државјаните на Европската унија во чипот да содржат биометриски податоци, отисоци од прсти и приказ на лицето, како една од мерките кои треба дополнително да ги отежнат евентуалните криминални активности.

ЕК проценува дека околу 80 милиони Европејци имаат лични карти без биометриски податоци.

Утврдувањето заеднички безбедносни стандарди на ниво на ЕУ би помогнало при сузбивањето на фалсификувањето документи, со кои терористите и криминалците често влегуваат во ЕУ од трети земји.
 
Старите документи треба да бидат заменети најдоцна во рок од пет години, односно за две години на оние кои се без биометриски податоци.