Спорт плус
18. јуни 2016 - 16:40

Европска лига: Македонија против Бугарија дуел за првото место

Македонската одбојкарска по вчерашната победа над Данска со 3-0 во сетови го потврди пласманот на завршниот турнир во Варна, а вечерва од 19:30 часот во директен дуел со Бугарија ќе решава за првото место во групата А.

Нашата репрезентација пред една недела ја победи Бугарија во Варна со 3-1, а денеска на Македонија потребни им се два сета за првото место.
- Против Данска одигравме сет и пол од соништата. Со таков сет и пол можеме да бидеме и шампиони на Европската лига. Тоа го гарантирам. Но, паднавме. Можно е и физички да сме исцрпени „шесторката“ го носи целиот товар. Одигравме три натпревари во Варна. Со автобус патувавме во двата правца, а сега и тука два дуела. Победуваме дека имаме ментална сила. искуството истотака е на наша страна и сега ни требаат само два сета за првото место, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
За селекторот Жарко Ристоски нема дилеми, посакува победа и на денешниот дуел со Бугарија.
- Оваа година најважни се победите и таквиот начин на бодување. Без разлика на резултатот од Варна каде победивме, Бугарија ќе биде посилна за два играчи од нивното првенство, изјави Ристоски.
Натпреварот Македонија - Бугарија во СЦ „Борис Трајковски“ (ВИП Арена) се игра со почеток од 19:30 часот, а од 17 часот е дуелот Албанија - Данска.