Спорт плус
8. August 2015 - 20:29

Европска лига: Македонија ја победи Полска по вторпат

Македонската одбојкарска репрезентација успеа по вторпат да ја победи Полска во рамките на Европската лига и со тоа го освои второто место во групата А и ќе ги очекува резултатите од дуелите Словенија - Грција за евентуалното учество на завршниот турнир.И на вториот дуел во Калиш Македонија се радуваше на триумф овојпат со 3:1 во сетови (15:25; 25:23; 25:19; 25:22).

Најдобар поединец на дуелот беше Никола Ѓорѓиев со 19 поени.
На другите два натпревара од нашата група Данска - Австрија 3:2 и Естонија - Израел во тек.
Табела: Естонија 9-0 победи порази, Македонија 7-3, Полска 6-4, Данска 3-6, Австрија 3-7, Израел 1-8.