Европратениците расправаат за договорот за слободна трговија со Канада (ЦЕТА)
Европратениците денеска расправаат и гласааат за договорот за слободна трговија со Канада (ЦЕТА), јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Ако се изгласа, голем дел од договорот влегува во привремена примена во текот на месец април годинава, но за тој да биде ратификуван од сите национални и регионални парламенти на ЕУ, најверојатно ќе трае со години.
Гласањето е закажано на пладне, по три часа на дебата со комесарката за трговија на ЕУ, Сесилија Малмстром, која на крајот на јануари предупреди дека "Светот не гледа".
Неколку стотици противници на Договорот, од невладини организации или левичарски партии дојдоа пред парламентот. Тие сметаат дека договорот е недемократски, премногу поволен за мултинационалните компании, лежерен за животната средина и штетен за европското земјоделство.
Најчувствителен точка се однесува на можноста за мултинационалните компании кои инвестираат во странство да поднесат тужба против една држава која би спроведувала јавна политика спротивна на интересите на компанијата, со барање надомест на штета. Механизам кој му овозможи на Филип Морис да го нападне Уругвај за неговата политика против пушењето или рударскиот гигант Оцеана Голд кој го нападна Салвадор поради тоа што одби да му даде дозвола за работа од еколошки причини.
- Ние не склучуваме пакт со ѓаволот. Ние зборуваме за Канада, една од најдемократските земји во светот, изјави Малмстром;
Канадскиот премиер, Џастин Трудо, треба да се зборува пред Европскиот парламент во четврток, ден по гласањето.
Договорот ќе треба да ги отстрани 99 отсто од царинските давачки. Но, тој, исто така, се залага за соработка во социјалната, здравствената и еколошката средина.
Глобалниот економски и трговски договоро (ЦETA, а AЕГЦ) а приори е поддржан од страна на мнозинството на европратениците, главно оние од десницата и либералите и најголемиот број на социјалистите.
Договорот ЦЕТА е „одговор на Европа и Канада на политиката на Доналд Трамп", „модел за иднината врз основа на соработка, заеднички вредности и стандарди", рече германскиот европратеник Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија, најголемата политичка група во Европскиот парламент.
Зелените, екстремната левица, на екстремната десница и некои социјалистите ќе гласаат против.
- ЦЕТА навистина е последниот договор на стариот свет, резимира францускиот социјалист Емануел Морел. „Има и премногу несигурности, премногу ризици, премногу недостатоци".
Групата на социјалистите и демократите (С & Д, втората парламентарна група) е раздделена во дебатата за текстот, откако некои од нејзините членови, иако се малцинство, се спротивставија на договорот. Нејзиниот претседател, Италијанецот Џани Питела се задоволи да каже дека тој е „за" договорот, но „лично тој".
Еколозите се многу повеќе категорични, како Французинот Јаник Жадо кој гледа во ЦЕТА „голем ризик за европското сточарство и европската здравје". Јаник Жадо е задоволен што го гледа Европскиот парламент, под притисок на јавното мислење , многу поделен околу договорот.
Дури и ако гласањето биде во прилог на Договорот за слободна трговија, европратеникот од партијата на зелените вели дека „ќе продолжи со борбата во секој случај."
Всушност, процесот на ратификација на ЦЕТА ќе биде долг и неизвесен во сите земји членки на ЕУ. Ова сигурно ќе влијае на другите договори за слободна трговија за кои се се дискутира во Брисел.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка