Европратениците бараат заедничка одбранбена политика на ЕУ
Европската Унија мора да реагира за влошувањето на безбедносната сосотјба и да им помогне на вооружените сили на своите земји членки да работат заедно, како прв чекор во градењето на заедничката одбранбена политика, се посочува во предлог-резолуциите на комисиите за надворешни работи и за безбедност и одбрана на Европскиот парламент, усвоени денеска.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, европратениците предлагаат формирање на Европски оперативен штаб за планирање, контрола и управување со операциите за справување со кризи.
Тие предлагаат и трошоците за одбрана да достигнат до два отсто од БДП, како и да започне спроведувањето на операција за обука во ирачките вооружени сили.
- Во последниве години, безбедносната состојба во Европа и нејзиното опкружување се влоши значително како последица на бројни предизвици, меѓу кои се и тероризмот и енергетската, хибридната и кобер несигурноста, кои ниту една земја не може да ги реши сама, се вели во резолуцијата на Комисијата за одбрана, која ја подготви европратеникот Урмас Пает.
Во резолуцијата на Комисијата за надворешни работи пак се бара Европската Унија да реагира „брзо и енергично на вистинските закани“, што ја наметнува потребата од соработка на вооружените сили на европските земји.
- Две третини од граѓаните на ЕУ би сакале да видат поголем ангажман на ЕУ во безбедноста и одбраната, се вели во текстот на резолуцијата, во кој авторот Јоан Мирчеа Паску се повикува на истражувањето на Евробарометар од јуни 2016 година.
Во резолуцијата се бара од Европскиот Совет да се насочи кон создавање на „заедничка одбранбена политика на ЕУ и да се обезбедат дополнителни финансиски средства за нејзина имплементација“,
Во неа европратениците се залгаат и за воспоставување на Европски оперативен генералштаб, кој би ги планирал, би раководел и би ги контролирал операциите за управување со кризи.
Европратениците ги повикаат земјите членки на Унијата да одвојат средства во висина од два проценти од своите БДП за потребите на одбрана и да воспостават „мултинационални сили со постојана структурира, како и сили за спроведување на одбранбената политика и за гарантирање на заедничката безбедност“.
Членовите на Комисијата за надворешна политика бараат и европскиот одбранбен пазар да биде „фер, достапен и транспарентен“ и повикуваат на зголемени инвестиции во истражувачки проекти поврзани со одбраната „од најмалку 90 милиони евра во текот на следните три години“. За таа цел, според нив, ќе биде потребно да се изработи посебна европска програма за истражување во сферата на одбраната, за која би бил ослободен годишен буџет од 500 милиони евра.
Европратениците сметаат дека е потребно радикално да се промени заедничката европска безбедснона и одбранбена политика, со цел да се афирмира стратешката автономија на ЕУ и да се зајакне нејзината способност за одбрана.
ЕУ „треба да биде во можност да интервенира при управување со кризи, вклучувајќи и нивното спречување и решавање“, се вели во текстот на резолуцијата, при што се повикува при одредувањето на идните европски мисии и операции приоритет да им се даде на „конфликтите кои директно влијаат врз безбедноста на Унијата“.
Во резолуцијата се предлага и спорведување на операции за обука на Вооружените сили на Ирак и за поддршка на земјите-членки кои се вклучени во меѓународната коалиција што извршува напади врз цели на групата Исламска држава.
Европратениците, исто така, го повикуваат Европскиот совет да формира фондови за итно финансирање на почетните фази на воените операции и да се трансформираат борбените групи на силите за брза реакција на ЕУ, формирани во 2007 година, во нов воен инструмент.
Во резолуциите се поздравуваат и новите мерки за зајакнување на односите меѓу ЕУ и НАТО, вклучувајќи го и заслувањето на соработката, особено во справувањето со кибер-хибридните закани и да се избегне непотребната конкуренција.
Предлог-резолуцијата на Комисијата за одбрана беше одобрен со 37 гласа „за“, 20 „против“ и еден „воздржан“, додека резолуцијата во Комисијата за надворешна политика беше усвоена со 36 гласови „за“, 18 „против“ и пет „воздржани“.
Европскиот Парламент ќе гласа за двете предлог-резолуции за време на пленарната седница во ноември во Стразбур.
Ново на Сител
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на 5 мали дечиња од Кичево, татко им починал во сон, мајката ги напуштила
-
Серија земјотреси на Света гора – најсилниот 4,6 степени
-
Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година
-
Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт
-
Дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар
-
Запленети околу четири тони марихуана во валандовско | ФОТО
-
АХВ: Од „тобако“ во Скопје уништени околу два тони небезбедна храна
-
Молдавија воведува 60-дневна вонредна состојба поради енергетската криза