Свет
16. September 2015 - 19:10

Европол има информација за 30.000 осомничени шверцери со луѓе кон Европа

Можно е околу 30.000 лица да се вмешани во криумчарски групи, кои бараат од бегалците илјадници евра за да ги пренесат во Европа, изјави шефот на европската полициска агенција Европол, Роб Вејнрајт.

- Откривањето на 71 тело минатиот месец во камион во Австрија го натера Европол да спроведе голема операција против трговијата со луѓе и за идентификување на осомничените, кои се многу повеќе отколку што агенцијата претпоставуваше, истакна Вејнрајт.

Тој наведува дека оваа година се собрани податоци за околу 30.000 осомничени криминалци и нивни соучесници.

- Европол, кој има околу 950 службеници, вработени во Хаг, координира 1.400 различни истраги за шверц со луѓе од целиот континент, тврди шефот на европската полиција.