Loading Video...
Свет
14. October 2020 - 16:51

Европа ги враќа рестриктивните мерки

Голем број европски земји ги заоструваат антикорона мерките, поради наглиот пораст на новозаболени и починати. Кафулињата, баровите и рестораните во Холандија од утрово се затворени, а носењето маска во затворен простор  станува задолжително.

- Кафе барови, ресторани и тераси се затвораат повторно. Сите оние кои продаваат алкохол нема да може да продаваат после 20 часот. Пиењето или носењето алкохол после 20 часот на јавни места е забрането. Кафулињата мора да затворат во 20 часот порача Марк Руте, премиер на Холандија.

Освен тоа, граѓаните ќе смеат во своите домови да примаат најмногу тројца гости дневно. Училиштата засега остануваат отворени Мерките ќе важат  две недели. Од денеска стартуваа новите ограничувања и во Чешка. До 3 ноември во таа земја ќе бидат затворени баровите, клубовите и рестораните, јавните собири ќе бидат органичени на шест лица, забранета е продажба на алхокол на јавни места, носењето маска е задолжително во јавниот превоз а основците ќе пратат настава онлајн. На две недели ќе бидат затворени училиштата и во Северна Ирска, а угостителските објекти се соочуваат со построги ограничувања. Италијанците, во рамки на новите мерки,смеат дома да угостат само 6 гости во исто време и се препорачува  сите да носат маска. И Франција вечерва ќе објави дополнителни мерки. Лошите бројки на новозаболени и починати ја натераа и Хрватска на дополнителни мерки. Задолжително е  гостите во угостителските објекти да носат маски, а таканарени корона редари ќе следат дали владината мерка се почитува.

- Денес храброста не е во кршењето на мерките, туки во жртвување на дел од својот комодитет со цел да ги заштитите  другите, Андреј Пленкович премиер на Хрватска.

Од утре во Албанија носењето заштитна маска станува задолжително и на отворен простор. Алармот за построги органичување е вклучен и во Словенија.