Loading Video...
Свет
16. March 2020 - 16:51

Европа е во карантин - Србија најавува полициски час

Европа во карантин. Се повеќе земји воведуваат драстични мерки поради зголемениот број на заразени со коронавирусот. Меѓу нив е и Германија, која ги затвори границите кон Австрија, Франција и Швајцарија.

И граѓаните на Чешка, каде има околу 300 заразени, не можат слободно да се движат во земјата, ниту  надвор од неа.

Токму ваквите мерки, предизвикуваат застој на камионите и автобусти, а со тоа se блокира и транспортот на стоки-реагираше првиот човек на Европската комисија Урсула фон дер  Лејен.  Поради тоа ЕК на земјите членки ќе им достави упатства за координација на границите.

Најпогоденаи понатаму е Италија,а веднаш зад неа се Шпанија и Франција каде заразени се над 8000 лица, односно над 5000.

Над 950 заболени има и во Австрија,

12 нови случаи има и во Турција, вкупно 18 на број... Што претставува најголем дневен пораст откако земјата го потврди првиот случај минатата недела.

Во Франција пак, на секој три дена се удвојува бројот на заразени лица. Сега бројката во оваа земја изнесува 5000 заболени и над 120 починати.

Драстични мерки се воведуваат и на Балканот. Во Србија каде е прогласена вонредна состојба, а има над 50 заболени, властите најавија и полициски час, доколку не се почитуваат мерките. Во Хрватска, пак се оддржа првата онлајн настава за учениците.