Кошарка
9. January 2016 - 10:20

Евролига: Фенербахче, Локомотив и Олимпијакос со по две победи

По комплетирањето на второто коло од кошаркарската Евролига три екипи имаат по две победи. Синоќа вториот триумф го забележаа Фенербахче на гостувањето кај Црвена Звезда и Локомотив Кубан на домашен терен над Анадолу Ефес, додека во четвртокот Олимпијакос победи на теренот на Лаборал. Перо Антиќ одигра 20 минути и постигна 12 поена, а најефикасни на дуелот беа Датоме (Фенербахче) и Милер (Црвена Звезда) со по 21 поен.

Резултати од второто коло:

Е група: Дарушафака – Цедевита 72:79, Локомотив Кубан – Анадолу Ефес 78:77, Црвена Звезда – Фенербахче 65:88 и Панатинаикос – Уникаха 68:66.

Табела: Фенербахче 2-0 (победи-порази), Локомотив Кубан 2-0, Уникаха 1-1, Анадолу Ефес 1-1, Панатинаикос 1-1, Цедевита 1-1, Дарушафака 0-2, Црвена Звзезда 0-2.

Е група: ЦСКА Москва – Реал Мадрид 95:81, Лаборал – Олимпијакос 76:82, Барселона – Химки 87:70 и Бамберг – Жалгирис 96:63.

Табела: Олимпијакос 2-0, Бамберг 1-1, Лаборал 1-1, ЦСКА Москва 1-1, Барселона 1-1, Реал Мадрид 1-1, Химки 0-2, Жалгирис 0-2.