Кошарка
25. January 2017 - 8:52

Евролига: Црвена Звезда реди победи

Шампионот на АБА лигата екипата на Црвена Звезда ја продолжи победничката серија во Евролигата откако синоќа на гостувањето ја совлада Басконија . Ова за „црвено-белите“ беше шеста победа по ред и на табелата по некомплетното 19.коло се искачија петтото место.
 
Резултати на натпреварите од 19.коло: 
Уникс – Фенербахче 81:86, 
Галатасарај – Макаби 102:63, 
Жалгирис – ЦСКА МОсква 79:74, 
Панатинаикос – Барселона 71:65, 
Басконија – Црвена Звезда 69:87.
 
Вечерва играат: Ефес Анадолу – Дарушафака, Бамберг – Реал Мадрид и Армани Милано – Олимпијакос.