Кошарка
15. September 2015 - 14:25

Евробаскет: Битка за полуфинале (1.дел)

По одигрувањето на вечерашните први четвртфинални натпревари ќе бидат познати и првите полуфиналисти на Евробаскетот. На отворањето на оваа рунда ќе играат Шпанија и Грција (почеток 18:30 часот), две селекции кои последните години се постојано во врвот на европската кошарка. И двата тима се предводени од одлични играчи, кај Шпанија Пау Гасол, а кај Грција Василис Спанулис. Во меѓу себните дуели поуспешна е Шпанија со 15:7 во добиени натпревари, но последниот на Европското првенство пред две години во Словенија победи Грција со 79:75. На шампионатот досега Грција е без пораз, додека Шпанија во два наврати беше совладана (Србија и Италија).
 
Од 21 часот ќе играат домаќинот и европски шампион Франција и Летонија. Апсолутен фаворит на дуелот е Франција која предводена од Тони Паркер атакува на ново финале. „Триколорите“ се без пораз, додека Летонија во групата загуби од Литванија и од Украина. На седумте одиграни натпревари досега Франција има биланс од 5:2 во победи и тоа од 2003 година.
 
Утре се играат другите два четвртфинални дуели: Србија – Чешка (18:30 часот) и Италија – Литванија (21 часот).
Директните преноси од сите натпревари од четвртфиналето ќе можете да ги проследите на програмата на СИТЕЛ 3.