Кошарка
7. September 2017 - 22:17

Евробаскет 2017: Летонија победи, Србија прва

Репрезентацијата на Летонија постигна победа вечерва против Турција во натпреварот од 5.коло од Д групата од Европското првенство во кошарка. Летонците ја „запишаа“ четвртата победа во групата, но нивниот триумф на Србија и го донесе првото место во групата. Трите селекции (Русија, Србија и Летонија) имаат ист скор 4 победи и 1 пораз, па табелата е одредена според кош количникот во меѓусебните дуели. 
 
Резултати 5.коло Ц група: Чешка – Хрватска 69:107, Унгарија – Шпанија 64:87, Црна Гора – Романија 86:69.
Табела: Шпанија 5-0 (победи-порази), Хрватска 4-1, Црна Гора 3-2, Унгарија 2-3, Чешка 1-4, Романија 0-5.
 
Резултати 5.коло Д група: Русија – Велика Британија 82:70, Белгија – Србија 54:74, Летонија – Турција 89:79.
Табела: Србија 4-1, Летонија 4-1, Русија 4-1, Турција 2-3, Белгија 1-4, Велика Британија 0-5.
 
Во осминафиналето во сабота ќе играат:
Словенија - Украина,
Германија - Франција,
Финска - Италија,
Литванија - Грција.
Во недела се играат осминафиналните двојки:
Шпанија - Турција,
Летонија - Црна Гора,
Хрватска - Русија и
Србија - Унгарија. 
Утре на првенството е слободен ден.