Кошарка
5. September 2015 - 11:17

Евробаскет 2015: Македонија - Грција (1.ден)

Денеска на 39.то Европско првенство во кошарка се играат натпреварите од 1.коло во четирите групи. Македонија на стартот од шампионатот исто како и пред шест години во Полска за ривал ја има селекцијата на Грција. На Европските првенства имаме одиграно два натпревара:

ЕП Полска 2009: Македонија - Грција 54:86
ЕП Литванија 2011: Македонија - Грција 72:58
На пријателски натпревар во Улм пред две години Македонија ја победи Грција со 77:75.
 
Распоред на натпреварите 1.коло:
А група (Монпеље):
Полска - БиХ
Израел - Русија
Франција - Финска
 
Б група (Берлин):
Германија - Исланд
Шпанија - Србија
Италија - Турција
 
Ц група (Загреб):
Грузија - Холандија (15 часот - СИТЕЛ 3)
МАКЕДОНИЈА - Грција  (18 часот - СИТЕЛ)
Хрватска - Словенија (21 часот - СИТЕЛ 3)
 
Д група (Рига):
Чешка - Естонија
Белгија - Летонија
Литванија - Украина