Фудбал
2. July 2021 - 11:25

ЕВРО 2020: Де Бруин најавен во почетниот состав за дуелот со Италија

Фудбалерот за врска Кевин де Бруин ќе може да и помогне на репрезентацијата на Белгија во четвртфиналето на ЕВРО 2020. Според „Скај Спортс“, играчот на Манчестер сити ќе биде во почетниот состав на средбата со Италија.

Де Бруин се повреди на почетокот на второто полувреме во осминафиналето против Португалија и го напушти мечот.

Натпреварот Белгија – Италија ќе се одигра вечер од 21 часот во Минхен.