Loading Video...
Фудбал
7. April 2019 - 17:08

Евертон го совлада Арсенал

Екипата на Евертон забележа победа над Арсенал со 1:0 во меч од 33.коло на Премиер лигата

Стрелец на победничкиот погодок за „карамелите“ беше капитенот Фил Јагјелка уште во 10-тата минута.

На овој пораз на Арсенал најмногу се радуваат Тотенхем, Челзи и Манчестер Јунајтед, бидејќи „топџиите“ останаа на 63 бода колку што има и Челзи, а еден помалку од Тотенхем, односно два повеќе од Јунајтед во трката за двете места кои водат во Лигата на шампионите. 

Затоа пак во трката за шампионскиот трофеј, остануваат во игра само Ливерпул со 82 и Манчестер Сити со 80 бодови.