Свет
3. December 2015 - 10:08

Еве зошто сите сакаат да бидат како Путин

Кога ќе се спомне името на Владимир Путин веднаш помислуваме на претседател кој секогаш стои до зборот и е немилосрден кон сите кои ќе направат нешто на наговиот народ. Тој првобитно беше премиер на Русија, па потоа претседател од 2000 до 2008, по што беше реизбран во мај 2012 година. Како и другите светски лидери, некои го сакаат и почитуваат, други го критикуваат. 
 
Инаку, Путин бил роден во сиромашно семејство, а откако се занимаваше со политика помина една деценија додека да дојде до местото претседател. Стејт департментот на Русија тврди дека нето вредноста на Путин е 150.000 долари, а често е критикуван за луксузот во кој живее и работи.
 
 
ЧАСОВНИЦИ
 
Убав и скап часовник е нешто што повеќето од нас не можеме да си дозволиме. Сепак, кога имате брдо пари часовниците се најмал проблем, па така и Путин има цела колекција скапоцени часовници. Тој е сопственик на еден од најскапите часовници кои ги имаат лидерите во светот. Обама и Франсоа Оланд имаат пријавено часовници кои се под 200 долари, а Путин има колекција која чини 4 милиони долари.
 
 
4 ЈАХТИ
 
Повеќето од нас би биле среќни ако видат и посетатјахта барем еднаш во животот, но Путин има дури 4 во својата луксузна колекција. Тие се распоредени во неговата земја во случај да сака да одмори, да спремизабава или да се релаксира. Најголемата јахта на Путин е долга 175 метри и чини вртоглави 37 милиони долари. има вински подрум, специјално создаден ентериер и имитација на водопад во неа.
 
 
43 АВИОНИ
 
Путин иако има приватен претседателски авион, сепак има вкупно 43 авиони за неговите потреби, кои можеме да замислиме колку чинат. Во еден од нив има тоалет од 75.000 долари од злато.
 
 
15 ХЕЛИКОПТЕРИ
 
Изгледа 43 авиони не му се доволни на Путин да го помине небото над Русија, па има и 15 хеликоптери во својата колекција. Сепак, по ова прашање тој е ситна риба за Барак Обама и неговите хеликоптери.