Џет-Сет
15. May 2016 - 19:19

Еве што значи мистериозниот симбол во патиките на Ѓоковиќ

Покрај тоа што Новак Ѓоковиќ е еден од најподготвените спортисти тој води сметка и за други детали кои му помагаат за да биде најдобриот тенисер на светот.

Во саботниот меч неколку пати режисерот се фокусираше во спортските обувки Адидас на Ѓоковиќ на кои можеше да се види еден интересен симбол.

co-ku-rei_f

Медиумите подоцна пишуваа дека се работи за јапонски Реики симбол со име „Чо Ку Реи„ што во буквален превод значи „Место каде целата сила на универзумот е тука„ и служи за прибирање не енергија.

Симболот се користи за зголемување на Реики енергијата и концентрирање на истата на местото каде се наоѓате и во исто време за елиминирање на негативната енергија.