Живот
2. October 2018 - 19:22

Еве кои денови во октомври се неработни за сите граѓани

Месецов следуваат два неработни денови за сите граѓани на Република Македонија.
 
Согласно Законот за празниците на Република Македонија 11 Октомври (четврток), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани.
 
Освен ова исто така согласно Законот за празници на Република Македонија 23 октомври (вторник) е неработен ден за сите граѓани на нашата држава.